
Ендрик, кој неодамна се приклучи на позајмица од Реал Мадрид во Лион, не е лут што есенскиот дел не го помина на теренот за „кралскиот клуб“.
Бразилецот речиси цело време беше резерва во тимот на Чаби Алонсо и одигра само три натпревари, што го наведе да се согласи да игра во францускиот клуб до лето.
До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст
– Последниве шест месеци ми беа најубавиот период во мојот живот. Имав време за мојата сопруга и семејство. Имав прилика да изградиме дом. Без овие нешта, без новиот дом и семејството, јас сум ништо. Сега сум подобар. Сега сум позрел човек. Фокусиран сум на мојата кариера. Благодарен сум на Бога и на сите луѓе кои ми беа поддршка – започна Ендрик.
Деветнаесетгодишниот напаѓач се надева дека ќе исполни услови за настап во Лига 1 и ќе добие повик од бразилската репрезентација за претстојното Светско првенство. Селекторот Карло Анчелоти, кој му беше ментор во Реал Мадрид, му препорача дека е време за промена на клубот.
– Разговарав со Анчелоти и ми даде насоки како да се подобрам како играч. Неговите совети ми беа од големо значење. Ми рече: “Оди, развивај го својот фудбал, сакам да бидеш среќен.” Но, одлуката веќе ја имав донесено, иако неговите совети беа важни. Анчелоти беше одличен тренер во Реал Мадрид. Ги следев сите негови препораки и тој ми помогна да ја развијам играта. Сега треба да се вложам во работата за да играм и да помогнам Лион да победува.