Дома Топ вести Анализа на ФФМ: Судиите не погрешиле со пеналот за Гостивар против Вардар

Анализа на ФФМ: Судиите не погрешиле со пеналот за Гостивар против Вардар

Судиска комисија ги разгледа спорните моменти од 9. коло на ВТОРА МФЛ и ги донесе следните заклучоци:

На натпреварот ФК Гостивар – ФК Вардар одигран на 23.10.2022 година анализирана е ситуацијата од 15. минута.

Главен судија: Доне Ристовски. Помошен судија: Петар Новачев и Тоше Ицев.

15 минута: ДОБРА ПРОЦЕНКА НА ГЛАВНИОТ СУДИЈА (досуден удар од 11 метри)

Центрирана топка на втора статива во шеснаесетникот на екипата на гостите, играч од одбраната на гостите од позади грб го турна играчот од нападот на домаќините кој се спремаше да ја удри топката со глава.

Исправна одлука на главниот судија, досуден удар од 11 метри и доделен жолт картон за неспортски прекршок (туркање).

Целосната анализа за ВМФЛ можете да ја погледнете – ТУКА.

Фото: ФК Вардар

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Од школата до професионален статус: Шкендија смета на Џеладини и Абдурамани

Лириан Џеладини потпиша на две години, а Анес Абдурамани на три и пол. Двајцата млади фудб…