Дома Фудбал Аморим: Проблемот не е во системот, туку во начинот на кој ги правиме работите

Аморим: Проблемот не е во системот, туку во начинот на кој ги правиме работите

Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Рубен Аморим, изјави дека утрешниот противник на тимот, Сандерланд, е тим со јасен идентитет кој многу добро се справува од почетокот на сезоната и тоа ќе биде тежок тест за неговите играчи.

„Црвените ѓаволи“ слабо ја започнаа кампањата и загубија три од првите шест натпревари во Премиер лигата, а самиот Португалец е под сериозен притисок.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


„Не очекува тежок дуел против екипа која навистина добро игра во шемата 4-3-3 и прави многу ротации. Тие знаат дека сме под притисок. Имаат јасен идентитет и се многу добар тим со одличен тренер. Нашиот тим не вложува максимални напори во ситните детали и правиме разни исти нешта во натпреварите. Треба да најдеме баланс, а тоа ќе промени сè“.

„Нормално е да бидеме критикувани и не можеме да избегаме од тоа. Минатата сезона нема значење, но досега имавме шест натпревари и загубивме три од нив. Начинот на кој создаваме шанси и примаме голови нема никаква врска со системот, не губиме поради него. Натпреварите оваа година се сосем различни од тие минатата сезона и тоа нема никаква врска со позициите на теренот. Не можеш да кажеш дека нешто не работи, ако работело минатата недела. Треба да правиме едно исто нешто на ист начин секој ден,“ изјави Аморим.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Сити се пофали со важен потпис

Заврши сагата околу статусот на Савињо во Манчестер Сити. Бразилецот, и покрај силниот инт…