Дома Фудбал Аморим го обожава, сака играч на Реал од 100 милиони фунти!

Аморим го обожава, сака играч на Реал од 100 милиони фунти!

Манчестер јунајтед сака да ја искористи ситуацијата која е во Реал Мадрид.

Чаби Алонсо недоволно го цени Феде Валверде, ако им се верува на шпанските медиуми, а и самиот Валверде се огласи поради наводните недоразбирања.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


“По една недела полна со шпекулации за нас, морам да кажам дека сме пообединети од кога било. Работам за да се вратам на највисокото ниво. Тренерот секогаш беше на моја страна, ме поддржуваше, правеше сè за да бидам уште подобар,” рече Валверде.

Сепак, тоа не ги спречи медиумите да пишуваат за евентуален трансфер.

Се разбира, Манчестер јунајтед е прв во редот. “Мирор” денес пишува дека Валверде е еден од оние кои не се задоволни од начинот на кој Алонсо го води тимот, и иако има договор до 2029 година, сака да замине веќе на лето. Аморим го обожава Валверде и наводно би сакал да го види на Олд Трафорд.

Цената?

Околу 100.000.000 фунти, Јунајтед го цени на околу 70.000.000, па веднаш е јасно дека разликата е преголема во овој момент и дека сè е многу далеку од реализација.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Алиоски испрати емотивна порака до соиграчите: Ми се кине срцето што не сум таму!

Вечерва фудбалерите ги очекува натпреварот против Данска во полуфиналниот бараж за Светско…