Дома Фудбал Американец ќе гради стадион каков што нема ниту Реал Мадрид

Американец ќе гради стадион каков што нема ниту Реал Мадрид

Бирмингам Сити во иднина би можел да добие не само нов стадион, туку и подземен тунел кој би ги водел навивачите директно до него!

Претседателот на клубот, Том Вагнер, ги откри амбициозните планови за изградба на стадион со капацитет од 62.000 седишта.


Топ 10 трансфери оваа зима! Кој потроши најмногу!? ↓↓↓


Но и тунел долг 2,5 километри, кој би го поврзувал комплексот со железничката станица Бирмингам Њу Стрит.

Американецот пристигнал во клубот во 2023 година со група инвеститори, каде што дел од сопственоста презеде и НФЛ-легендата Том Брејди.

Неговата визија е целосно да го трансформира источниот дел од Бирмингам, а стадионот е само дел од поголем проект вреден дури три милијарди фунти.

Според неговите зборови, подземниот тунел би го олеснил пристапот на навивачите користејќи електрични автобуси кои би можеле да превезуваат илјадници луѓе на час.

Проценетите трошоци за тунелот изнесуваат околу 20 милиони фунти.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Далиќ одби да биде убедливо најплатениот селектор во светот

Селекторот на Хрватска, Златко Далиќ, доби понуда да ја преземе фудбалската репрезентација…