Дома Фудбал Алонсо пред цел тим им кажа на Мбапе и Винисус што повеќе нема да толерира!

Алонсо пред цел тим им кажа на Мбапе и Винисус што повеќе нема да толерира!

Чаби Алонсо кон крајот на минатиот месец официјално беше претставен како нов тренер на Реал Мадрид, а веќе на првиот заеднички тренинг одржа предавање на сите играчи и испрати порака која најмногу го погоди Килијан Мбапе и Винисус Жуниор.

Во Реал Мадрид се одлучија да го променат тренерот откако Карло Анчелоти не се прослави во изминатата сезона, а наместо него на клупата на Кралевите пристигна Чаби Алонсо.

Сè што треба да знаете за НОВИОТ формат на Светското клупско првенство! ↓↓↓


Младиот шпански стратег, по одличната работа на клупата на Баер Леверкузен, го доби повикот од Флорентино Перез кој не можеше да го одбие и ја прифати задачата да го води Реал Мадрид веќе на Светското клупско првенство.

Алонсо кон почетокот на минатата недела ги започна подготовките со играчите на Реал за ова натпреварување, и се запозна со екипата којашто е моментално комплетна затоа што сите фудбалери се приклучија на тимот во Америка.

Иако на воведните неколку тренинзи Алонсо не сакал премногу да им се замери на играчите, откако станаа комплетни одлучи да одржи разговор со нив и да им укаже на неколку работи.

Шпанските медиуми пишуваат дека синоќа Алонсо и играчите на Реал Мадрид имале разговор кој траел повеќе од еден час. Тој најпрвин сакал да го собере целиот тим за подобро запознавање со сите, но и за да им пренесе кои планови ги има.

Меѓутоа, одлучи да им укаже на одредени играчи на некои детали, а делот кој беше насочен особено кон Килијан Мбапе и Винисус Жуниор.

Алонсо им даде јасно на знаење на напаѓачите на кралскиот клуб дека нема да толерира тоа што не учествуваат доволно во дефанзивата и што се фокусирани само на офанзивата.

„Нема да биде доволно само да чекате на екипата да ви подаде топка за да постигнете гол. Ќе треба да трчате за секоја топка и многу повеќе да учествувате во дефанзивата. Доста е повеќе од таквото ноншалантно однесување“, порача тренерот на Кралевите.

Фото: Grok AI

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Бонучи по натпреварот објави фотографија со фудбалерката над која стартуваше (Фото)

Поранешниот италијански фудбалер Леонардо Бонуќи го привлече вниманието на Олд Трафорд со …