Дома Фудбал Алонсо нема да жали за Родриго бидејќи во Реал Мадрид пристигнува ѕвезда од 100 милиони евра!

Алонсо нема да жали за Родриго бидејќи во Реал Мадрид пристигнува ѕвезда од 100 милиони евра!

Шпанските медиуми денеска објавија дека Родриго пред неколку дена имал разговор со Чаби Алонсо и му соопштил дека на крајот од сезоната ќе го напушти Реал Мадрид.

Веќе неколку месеци се шпекулира за судбината на Бразилецот, а кога сфати дека ниту кај Чаби Алонсо нема да добие минутажа каква што посакува, Родриго одлучи дека е време за разделба и нов предизвик во кариерата.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Според сè изгледа дека Родриго следното лето ќе замине за Англија, бидејќи речиси сè веќе договорил со Манчестер Сити.

Иако со години беше еден од најважните играчи на кралскиот клуб, изгледа дека во Мадрид нема премногу да жалеат кога Родриго ќе ги спакува куферите и ќе го напушти тимот.

Имено, веќе се појави информација дека во Реал се сосема спремни да го продадат Родриго и да заработат 80 милиони евра, бидејќи Флорентино Перез и Чаби Алонсо веќе одлучија кого сакаат да доведат следното лето.

Шпанските медиуми наведуваат дека Реал покажал огромен интерес за францускиот репрезентативец Микеал Олисе кој одлично игра во Баерн и Кралевите сакаат токму овој 23-годишник да биде нивното големо засилување наредното лето.

Олисе пристигна во Баерн минатото лето од Кристал Палас за 53 милиони евра и се покажа како одлично засилување, а во Минхен се свесни дека за него постои огромен интерес.

Поради тоа, се обидуваат да го продолжат договорот со Олисе, но откако Реал се вклучил во приказната, Французинот не сака да брза со новиот договор и ќе ја чека разврската со Кралевите.

Доколку Олисе покаже желба за заминување, во Баерн нема да му прават проблеми, но јасно порачаа дека може да замине само за сума од 100 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Антони го нападна Манчестер Јунајтед: Не ме почитуваа, дури и „добро утро“ не ми кажуваа

Во интервју за ESPN Brasil, Антони го обвини Манчестер Јунајтед за непочитување поради одн…