Дома Останати Тенис Aлкараз се огласи и објасни: Еве зошто се повлече од турнирот во Мадрид

Aлкараз се огласи и објасни: Еве зошто се повлече од турнирот во Мадрид

Шпанскиот тенисер Карлос Алкарас соопшти дека се повлекува од Мастерсот во Мадрид поради повреда на препоната на десната нога.

Алкарас беше поставен за втор носител на турнирот во Мадрид, а во второто коло требаше да игра против победникот од мечот помеѓу Белгиецот Жизу Бергс и Канаѓанецот Габриел Дјало. 

Како започна приказната со Goblin Games - од гаража до бренд! ↓↓↓


„Одлучивме да не ризикуваме. Направив сè што можев, но работите не се подобрија многу. Морав да го послушам моето тело и да донесам тешка одлука. Верувам дека ја донесов правилната одлука. Ќе се обидам да се одморам и што поскоро да се вратам на теренот“ изјави Алкарас на конференцијата за медиуми во Мадрид. 

Шпанските медиуми потсетуваат дека Алкарас се повреди пред четири дена за време на финалето на турнирот во Барселона против Данецот Холгер Руне (6:7, 2:6). 

Најдобриот шпански тенисер триумфираше на Мастерсот во Мадрид во 2022 и 2023 година. 

Фото. Carlos Alcaraz/FB
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Надал го отвори музејот за неговите успеси на Ролан Гарос (Фото)

Шест дена пред почетокот на Ролан Гарос, првиот на кој може да биде присутен само како пен…