Дома Фудбал Аларм за Манчестер Сити!

Аларм за Манчестер Сити!

Во последните десетина дена, Манчестер Сити се покажа во своето препознатливо светло – убедливо ја освои градската дерби пресметка со Јунајтед, потоа лесно го совлада Наполи во Лигата на шампионите и одигра рамноправен натпревар со Арсенал. Кога викендот го заврши со пет голови против Барнли, изгледаше како шампионската машина да се врати во полна брзина. Но, токму кога се чинеше дека сè е под контрола, дојде алармот – го активираше Родри.

Очајно очекувано, Пеп Гвардиола му даде одмор против Хадерсфилд во Лига купот. Сепак, изненадувањето дојде кога шпанскиот везист не се најде ни во протоколот за натпреварот со Барнли. Ова беше јасен знак дека нешто не е во ред, што го потврди и самиот Гвардиола.

– Во текот на тренингот ми рече: “Не сум во состојба да играм. Чувствувам силна болка во коленото, не можам да играм”. Му реков: “Ако не можеш, не играј. Ќе игра друг”. Не знам ништо повеќе во моментот, освен дека се работи за истото колено кое веќе беше повредено – откри шпанскиот тренер.

ТОП 11 МАКЕДОНСКИ ЈАВНИ ЛИЧНОСТИ - *Football Edition*


“Не сум во состојба да играм, ме боли…”

Оваа реченица одекна на Етихад, бидејќи не се работеше за какво било колено – туку за тоа во кое минатата година Родри ги скина предните вкрстени лигаменти. Поради таа повреда пропушти дури 53 натпревари на Сити и неговото отсуство значително придонесе за кризата со резултатите што го потресе клубот. Затоа, новата непријатност кај везистот веднаш предизвика тревога.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Реал Мадрид патуваше осум часа до Казахстан и предизвика хаос (Видео)

Неверојатен интерес за доаѓањето на Кралскиот клуб во Алмати. Реал Мадрид пристигна во Каз…