Дома Фудбал Алаба е голем малер – само што се врати на терен, повторно се повреди!

Алаба е голем малер – само што се врати на терен, повторно се повреди!

Одбранбениот фудбалер на Реал Мадрид Давид Алаба има повреда на адукторот на левата нога, соопшти шпанскиот тим. По нејзиното неодамнешно враќање по повеќе од една година поради кинење на предниот вкрстен лигамент, 32-годишниот капитен на Австрија претрпе нова повреда.

„По тестовите кои ги изврши нашата медицинска служба врз нашиот играч Давид Алаба, му беше дијагностицирана повреда на адукторот на левата нога. Неговиот напредок се следи“, стои во соопштението од Реал.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Шпанскиот клуб игра на гостински терен против Леганес во четвртфиналето на Купот на Кралот во среда, по што следува лигашкото дерби против Атлетико Мадрид дома во сабота и гостување кај Манчестер Сити во плејофот од Лигата на шампионите на 11 февруари. Реал е на врвот на табелата на Ла Лига со 49 бодови од 22 натпревари, еден бод пред второпласираниот Атлетико.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Њукасл спремен да го пушти Исак во Ливерпул

Bританските медиуми во петокот објавија дека раководството на Њукасл очекува нова понуда о…