Дома Фудбал „Ако на светот постои тим што може да победи во Минхен, тоа е Реал Мадрид“

„Ако на светот постои тим што може да победи во Минхен, тоа е Реал Мадрид“

Во Мадрид синоќа видовме „атомски“ фудбал во изведба на Реал и Баерн, триумф на гостите со резултат 1:2 во првиот меч од четвртфиналето на Лигата на шампиони, голови на Луис Дијас и Кејн, а потоа враќање на Реал преку Мбапе, доминација на Баерн во поседот, одлични транзиции на Реал, две промашени „мртви“ и три одлични шанси на германскиот тим, и три зицери кои ги одбрани Мануел Нојер.

Тренерот на Реал, Алваро Арбелоа, верува дека можат да направат пресврт.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Мислам дека ова е пораз кој можевме да го избегнеме ако имавме малку повеќе среќа. Имавме две изгубени топки кои не смеевме да ги дозволиме. Против вакви екипи таквите грешки многу се плаќаат. Но, ако на светот постои тим што може да победи во Минхен, тоа е Реал Мадрид. Ние сме Реал Мадрид. Знаеме колку е тешко да се победи таму, но ќе одиме по победата“, кажа тој.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Матеус убеден: За легендата треба да има место на СП!

Легендарниот Лотар Матеус е уверен дека Мануел Нојер треба да биде во составот на Германиј…