Дома Фудбал „Адеми е најдобар фудбалер во историјата на Динамо“

„Адеми е најдобар фудбалер во историјата на Динамо“

Бруно Петковиќ, кој летово се раздели со Динамо Загреб, слично како и македонскиот репрезентативец Аријан Адеми, во интервју за хрватскиот портал „Индекс“ се осврна на својот престој во клубот и сподели дел од спомените и впечатоците.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Во разговорот, Петковиќ ги допре и моментите кои оставиле силен печат во неговата кариера, како и личностите кои имале најголемо влијание врз тимот во изминатите години. На прашањето кој според него е најзначајниот играч во историјата на клубот, напаѓачот без двоумење го спомна Аријан Адеми.

„За мене, Адеми е најдобриот играч што некогаш настапувал за Динамо Загреб. Иако низ клубот поминале многу квалитетни фудбалери, неговото влијание, лојалноста и посветеноста се нешто посебно и тешко повторливо“, изјави Петковиќ.

Фото: Принтскрин

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Мбапе го надмина Меси по голови на Мундијал и Жиру по погодоци за Франција

Ѕвездата на францускиот национален тим Килијан Мбапе го надмина Лионел Меси по бројот на п…