Дома Трансфер зона AС: Ова е планот на Реал – ослободување од шестмина и градење тим врз млади сили!

AС: Ова е планот на Реал – ослободување од шестмина и градење тим врз млади сили!

Реал Мадрид во летото кое следи имаше големи планови.

„Кралевите“ ја разгледуваа можноста за доведување на Килијан Мбапе, се шпекулираше за Халанд, Икарди, Лаутаро…Но најверојатно од тоа нема да има ништо поради кризата со коронавирусот.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


Реал според медиумите за оваа година планирал буџет од 822 милиони евра, односно околу 80 милиони евра од заработка бидејќи трошоците се околи 741 милион. Реал од членарина и продажбата на влезниците заработува 161 милион евра, 109 милион евра од пријателските натпревари и меѓународните турнири, 180 од телевизиските права и 371 од марктингот.

Сите овие бројки се во сериозна опасност, па и кога загубата би била оптимистични 20% тоа пак е 161 милион евра. Во превод, Реал би бил во минус од околу 80 милиони евра и тоа во најдобар случај.

Ако и наредната сезона во голем дел се игра пред празни трибини тоа ќе значи големи загуби. Голем проблем е и што не работи клупскиот музеј кој носи добра заработка. Годишно од посетите на музејот Реал добива околу 25 милиони евра.

Во клубот веќе започнаа со намалувањето на трошоците со тоа што им ги намалија платите на играчите за 10%, но тоа и понатаму не е доволно. Како што пишува „АС“ Реал ова лето ќе продава за да ја наполни касата за да доведе некого.

Најголем проблем е Герет Бејл и неговите 30 милиони евра бруто по сезона, Хамес Родригез Реал го плаќа дури 18 милиони евра по сезона и приоритет ќе биде да се ослободат од нив двајца. На листата за заминување се уште Лукас, Васкез и Маријано Диаз, додека на Марсело и Модриќ наводно им било соопшено дека клубот нема да прави проблем ако сакаат да пронајдат нов ангажман. Модриќ има договор до следното лето, Бразилецот до 2022 година.

Добра вест во целата приказна за Реал се враќањето од позајмици на Ашраф Хакими и Мартин Одегард кои веднаш би можеле да бидат во прв план. Од Севиља доаѓа Серхио Регулион, од Арсенал Себаљос, а од Мајорка 18 годишниот Такефуша Кубо. Кога на овие ќе го додадеме бразилското чудо од дете Реинер јасно е дека Реал лесно ќе состави тим.

Единствено што би им било потребно е уште еден напаѓач, но за тоа ќе се мисли дури кога ќе ослободат од вишокот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…