Дома Фудбал Англија Aртета објасни зошто го избра Одегард за нов капитен

Aртета објасни зошто го избра Одегард за нов капитен

Арсенал сериозно го засили тимот за новата сезона и со тоа се потврдија големите амбиции на тимот, менаџерот Микел Артета донесе и одлука за нов капитен.

Привременото решение Лаказет си замиан од Лондон, па така капитенската лента му припадна на Норвежанецот Мартин Одегард. Иако тој е еден од помладите сепак ја доби честа да биде капитен на „топџиите“.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Одлуката можеби е малку чудна, но шпанскиот стратег има објаснување.

„Сезонава имавме можност да го одредиме капитенот на начин на кој веруваме дека ќе функционира. Со Мартин избравме фудбалер кој со нас е 18 месеци и кој ги претставува вредностите на клубот. Тој е почитуван од соиграчите и вработените, среќен сум што имам таков играч на располагање“, изјави Артета.

Арсенал новата сезона во Премиер лигата ја стартува утре со мечот против Кристал Палас.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Заслужено:Палмер најдобар млад играч во Премиер лигата

Фудбалерот на Челзи Кол Палмер е најдобриот млад играч во Премиер лигата оваа сезона. Игра…