Дома Фудбал Aнчелоти: Напредокот на модерниот фудбал е на физички план

Aнчелоти: Напредокот на модерниот фудбал е на физички план

Реал Мадрид минатата сезона делуваше мирно, но сега ги разбуди Карло Анчелоти, па така „кралскиот клуб“ освои 16 од 18 можни бодови, а го победи и Интер во Лигата на шампиони.

Реал во среда ја растури Мајорка со 6-1, а тоа беше најдобар настап на „кралевите“ сезонава. Анчелоти пред мечот против Виљареал откри мали тајни на успехот на неговата екипа.


Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓


„Најголемиот напредок на модерниот фудбал се оствари на физички план. Нивото на интезитет е огромно. Досега најмногу работевме во напад, зашто таа екипа имаше проблем минатата сезона. Успеавме да се поправиме. Што се однесува до дефанзивата, нашата игра зависи од пресингот. Алаба е одличен. Би сакале да може да играме високо, на центарот, но тоа секогаш не е возможно“, вели Анчелоти.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Нема среќа: Маунт повторно се повреди – го заврши дербито во солзи! 🎥

Мејсон Маунт заработи нова повреда и во солзи го заврши настапот во дербито помеѓу градски…