Дома Фудбал Aнчелоти за поразот од Еспањол: Го одигравме најлошиот натпревар

Aнчелоти за поразот од Еспањол: Го одигравме најлошиот натпревар

Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти кажа дека неговата екипа против Еспањол го одиграла најлошиот меч сезонава.

Реал загуби на гостувањето кај Еспањол со 1-2 и така го претрпе првиот пораз во лигата, а Анчелоти вели дека тоа било катастрофален настап од нив.


ЕУРО 2024: Кој јунак ќе ја сопре Франција!? ↓↓↓


„Немам што да кажам. Екипата не беше добро позиционирана, ниту со топката, ниту без неа. Мораме да бидеме чесни и да кажеме дека ова беше најлошиот меч во сезоната. Сега мора да ја искористиме паузата во првенството“, вели Анчелоти.

Реал прекина серија од 25 меча без пораз во шпанската лига, и тоа беше трет меч по ред без победа на „кралевите“.

„Овој пораз не е случајност, не игравме добро. Два порази, и на такво нешто во овој клуб не сме навикнати“, кажа тренерот на Реал.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Прво изненадување: Словачка ја нокаутира Белгија🎥

Репрезентацијата на Словачка го приреди најголемото изненадување до сега на Европското прв…