Дома Фудбал Англија Aнгличаните не се задоволни: Повторно ќе го менуваат преодниот рок

Aнгличаните не се задоволни: Повторно ќе го менуваат преодниот рок

Oвогодинешниот експеримент баш и не им успеа. Следи нов…

Англичаните не се задоволни што преодниот рок заврши пред стартот на шампионатот. Веруваат дека така тимовите се ослабеле бидејќи брзале и морале да носат изнудени одлуки. Oсвен тоа клубовите во ваков преоден рок можат да изгубат играч, а да немаат прилика да доведат негова замена затоа што во другите првенства преодниот рок е отворен скоро еден месец повеќе.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Сега очигледно ќе мора да се пронајде компромис и нешто да се промени.

Од Манчестер Сити стигнува предлог за промена на едно правило во преодниот рок и тоа се очекува да биде прифатено од страна на останатите клубови во Премиер лигата.

Предлогот е следниот. Скратениот преоден рок да остане на сила, но само за трансфери помеѓу клубови од Премиер лигата, а преодниот рок за трансфери во странство да остане отворен до крајот на август или почетокот на септември.

На овој начин помалите клубови би биле заштитени и не би биле присилени да ги продаваат своите најдобри играчи на гигантите од Премиер лигата, барем такви се очекувањата на Островот.

Како што споменамве очекувањата се овој предлог да биде поддржан од поголемиот број клубови, па новото правило веројатно ќе биде изгласано.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Се појави изгледот на новиот дрес на Милан, „росонерите“ се враќаат 100 години назад

По неуспешната сезона во италијанскиот и европскиот фудбал, во следната сезона Милан ќе се…