Академија Пандев после лошите резултати остана без тренерот Александар Таневски.
Струмичкиот клуб заминувањето на Таневски го соопшти преку социјалните мрежи:
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Александар Таневски не е повеќе тренер на Академија Пандев. По вчерашниот пораз, шефот на стручниот штаб си поднесе оставка, која управата ја прифати. Причина за оставката се лошите резултати во воведните пет кола од стартот на новата сезона. Управата на Академија Пандев му се заблагодарува за вложениот труд и му посакува се најдобро во понатамошната кариера“.
Пандевци после пет кола се претпоследни со само три освоени бодови.