Дома Фудбал Италија Aлегри спремен за нова формација – Со „рецептот“ на Гвардиола ќе му се спротистави на Наполи?

Aлегри спремен за нова формација – Со „рецептот“ на Гвардиола ќе му се спротистави на Наполи?

Дербито на сезоната во Серија А може би се игра во петок, на „Сан Паоло“ во Неапол, Наполи го пречекува актуелниот шампион Јувентус.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Тимот на Наполи, предводен од Маурицио Сари во овој момент има четири бода предност во однос на Јувентус и победа во дербито би значела огромна предност во продолжение од шампионатот.

Од друга страна, Јуве не блеска, клучните фудбалери се надвор од форма, пред се тука се мисли на Паоло Дибала. Гонзало Игуаин нема да игра поради операција на раката, додека во составот се враќа Џорџо Киелини.

Она што Алегри можеби ќе го проба во овој натпревар е нова формација, поточно можно е Манџукиќ да не го предводи нападот, туку да се врати на десната страна каде што игра веќе една годинa, а Дибала би требало да игра како „лажна деветка“.

На десната страна би играл Хуан Квардадо и се очекува Јувентус во формација 3-4-3 да се спротистави на одличниот Наполи.

Иначе не е прв пат Алегри да се обидува со Дибала како најистурен играч со такво нешто се обиде и против Каљари, но ова е сосема поинаков натпревар. Во секој случај сигурно дека не чека интересен натпревар, стадионот во Неапол е распродаден и гостите од Торино ги очекува пеколна атмосфера.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Два клуба го сакаат Ираола на клупата

Андони Ираола ќе го напушти Борнмут ова лето по одличниот резултат и промоцијата во Конфер…