Дома Фудбал Италија Aлегри со критики кон ВАР: Во март натпреварите ќе траат и по три, четири часа…

Aлегри со критики кон ВАР: Во март натпреварите ќе траат и по три, четири часа…

Тренерот на Јувентус, Масимилијано Алегри не е воодушевен од употребата на видео технологијата во фудбалот и смета дека тоа може набрзо да го уништи фудбалот.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Јуве во неделата ги испушти првите бодови во сезоната откако одигра нерешено против Аталанта 2:2.

Да потсетиме, на Марио Манџукиќ му беше пониште гол бидејќи после прегледувањето на снимките беше утврдено дека Лихтшајнер го удрил со лакт фудбалерот на Аталанта Гомез.

„Ако сакаме фудбалот да биде спорт кој повеќе не е вистински спорт, тогаш да ја користиме техонлогијата во секој инцидент. Но, во март кога секој натпревар ќе биде одлучувачки, навистина натпреварите би можеле да траат по три или четири часа“.

„Според мене техонологијата би требало да се користи само при офсајди или дали топката ја поминила гол линијата или не“, изјави Алегри.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Лукаку го одигра последниот натпревар за Наполи

Напаѓачот на Наполи Ромелу Лукаку нема да учествува во последните два натпревари на тимот …