Дома Трансфер зона Aко не може Погба Зидан има алтернатива од 50 милиони евра

Aко не може Погба Зидан има алтернатива од 50 милиони евра

Реал Мадрид ова лето одлучи да прави сериозна реконструкција на тимот и веќе потроши 300 милиони евра на засилувања.

Шпанскиот гигант веќе доведе неколку засилувања, но нема намера тука да застане. Прва мета во на Зинедин Зидан е Пол Погба. Неговиот трансфер од Манчестер Јунајтед нема да оди лесно, но и покрај тоа Зидан се надева дека ќе успее да го доведе Погба во наредните десет дена.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Меѓутоа Французинот не седи со „скрстени раце“ додека чека и веќе има подговено алтернативи. Најголем проблем со Погба е неговата цена, Јунајтед не сака да го пушти под сума од 160 милиони евра

Еден од резервните планови на Реал е играчот на Ајакс, Дони Ван Де Бек. Младиот играч на Ајакс не беше планиран да се продаде ова лето, но интересот од Реал може да ги промени работите. Шпанците би моежеле да издвојат 50 милиони евра за трансфер, а Холанѓаните одредија цена од 65 милиони евра. Меѓутоа, медиумите на Пиринеите сметаат дека Ајакс би можел да го пушти Ван Де Бек и за понудената сума од Реал.

Во фантастичната сезона на Ајакс Ван Де Бек постигна 17 голови и забележа 13 асистенции.

https://www.youtube.com/watch?v=upiNuuCc7ow

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Манчестер Јунајтед и Арсенал го сакаат Де Кетеларе

 Манчестер Јунајтед и Арсенал покажуваат сериозен интерес за белгискиот репрезентатив…