Сенегалскиот репрезентативец Садио Мане кажа пред медиумите дека сака да си замине од Ливерпул ова лето, а како негов следен клуб се споменува Баерн Минхен.
Ливерпул има договор на уште една година со Мане, со кого не успеаа да се договорат за продолжение на соработката.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Премиерлигашот нема да чека Мане да си замине од тимот, па потоа да тргне по негова замена, туку тренерот Јирген Клоп веќе избрал ново засилување.
Изборот паднал на Кристијан Пулишиќ од Челси, па Ливерпул сака да го искористи фактот што Американецот нема голема улога во тимот на тренерот Томас Тухел во претходните година ипол.