Дома Македонски спорт Aдеми во топ 25 најголеми фудбалери во Хрватска во последните 50 години!

Aдеми во топ 25 најголеми фудбалери во Хрватска во последните 50 години!

Македонскиот репрезентативец Аријан Адеми доби големо признание и се најде меѓу 25-те најдобри фудбалери во последните 50 години кои настапувале во Хрватска. Анкетата ја направи еден од најреномираните медиуми во Хрватска „Вечерњи лист“.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Адеми беше номиниран меѓу 50-те најголеми фудбалери во изминатиот половина глас и на првото гласање се најде во топ 25, па се најде на високото четврто место. Зад Адеми завршија фудбалери како Звонимир Бобан, Марио Манџукиќ, Иван Ракитиќ, Златко Цицо Крањчар…

Македонскиот репрезентативец освои 5.62% од гласовите. Пред него завршија само Лука Модриќ со убедливи 52.4%, Давор Шукер освои 8.01% и Роберт Просинечки 6.48.

„Самата номинација меѓу 50 најголеми играчи во Хрватска за мене претставува огромна чест. Фантастично е чуството да бидете во друштво на вакви големи имиња. Уште повеќе ми е драго што влегов и во топ 25“, изјави Адеми.

Вториот дел од гласањето кога ќе се избираат најдобрите 10 трае до 21-во во месецот, потоа до 24-јануари ќе се избира најдобриот хрватски фудбалер во последните 50 години.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Шок за Швајцарија во петтата минута од судиското продолжение – Храбриот Катар дојде до многу важен бод (Видео)

Швајцарија и Катар одиграа нерешено (1:1). Во 21 часот по наше време беше одигран натпрева…