Дома Фудбал Репрезентации Aдеми: Бевме на чекор од Мундијал и горди сме на се што направивме!

Aдеми: Бевме на чекор од Мундијал и горди сме на се што направивме!

Aвантурата на Македонија и сонот за Мундијал заврши со поразот од Португалија во финалниот бараж, но македонската јавност сепак е горда на она што го прикажаа фудбалерите во баражот каде што елиминираа една Италија. Против Португалија исто така бевме достоен противник, но Португалците ги казнија нашите грешки.

Бруно Фернандеш постигна два гола после две наши грешки, првиот дојде по асистенција од Роналдо, едноставно против такви селекции не се дозволени и најмали грешки. Аријан Адеми сепак како и останатите е горд на постигнатото.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Навистина е штета, дојдовме толку блиску и имавме голема прилика да одиме на Светското првенство од тоа не делеше само еден чекор. Остана впечатокот дека Португалците не не надиграа, но ги казнија нашите грешки затоа заслужено победија. Португалија е силна, но и ние добро се држевме, посебно до првиот примен гол кога можевме да направиме повеќе“, изјави Адеми за хрватските медиуми по враќањето во Динамо.

Свесен е дека репрезетации каква што е Македонија немаат секогаш шанса да бидат толку блуску до Мундијал.

„Селекции како Македонија не доаѓаат секогаш толку блиску, но ние сме горди на се што направивме, на таа победа со Италија и еуфоријата која ја предизвикавме во Македонија. Навивачите беа тука за нас цело време, дури и по поразот. Целиот впечаток е многу позитивен и нема што да си замериме. Изгубивме од една од најсилните репрезентации во светот“, истакна нашиот играч за врска.

Фото: ФФМ

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Екс-голманот на Вардар, Арпад Штербик имал срцев удар

Ракометниот тим на Веспрем објави дека екс-голманот Арпад Штербик нема да биде со тимот за…