Серхио Агуеро ќе потпише договор на две години со Барселона.
Денес се би требало да биде официјализирано, Аргентинецот стигнува во Барселона од редовите на Манчестер Сити. Веднаш после потписот со Барселона Агуери ќе отпатува за Аргентина каде што ќе се спрема за Копа Америка
Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓
Агуеро вчера им испрати порака на навивачите на Манчестер Сити.
Одличниот напаѓач на заминувањето порача.
„Горд сум што бев дел од овој тим и што ги носев овие бои толку долго. Манчестер Сити засекогаш во срцето“, гласи пораката на Агуеро.
Во изминатите 10 години Агуеро одигра 390 натпревари за „граѓаните“ и постигна 260 голови. Освои вкупно 15 трофеи од кои пет трофеи во Премиер лигата, но остана без трофејот во Лигата на шампионите каде што Сити пред неколку дена изгуби од Челзи.