Звучи можеби изненадувачки, но се погласно се зборува за можно заминување на Роберт Левандовски ова лето од Баерн Минхен. Сега менаџерот на полскиот голгетер Пини Захави изјави дека никој не му се јавил од клубот за нов договор.
„Можам да потврдам дека никој од Баерн Минхен не ми се јавил да разговараме за нов договор на Левандовски“, изјави Захави за германските медиуми.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Во редовите на Баерн Левандовски настапува од 2014 година кога пристигна како слободен играч од Борусија Дортмунд, веќе седум сезони во низа Левандовски иам 40+ голови и постојано потврдува дека е еден од најдобрите играчи во светот.
Чудно изгледа тоа што Баерн засега нема интерес за продолжување на договорот на Левандовски кој завршува во 2023 гогдина. Нема сомневање дека доколку Левандовски донесе конечна одлука да замине поради односот на Баерн, интересот за него ќе биде голем и покрај годините. Очекувањата се до лето да се знае многу повеќе за неговата иднина.