Веќе неколку лета на големо се шпекулира за иднината на Герет Бејл во Мадрид.
Бејл во клубот пристигна во 2013 година за светски рекорд во тој момент, освои четири титули во Лигата на шампионите и една титула во Примера, но поради повредите падна во втор план.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Не успеа да го искористи и заминувањето на Кристиано Роналдо, медиумите редовно го преселуваат, но Велшанецот е врзан за клубот до 2022 година и нема намера да ја промени средината.
Ако замине Бејл е свесен дека мора да прифати намалување на платата, а неговиот агент изјави дека се навикнал на Мадрид и ужива во градот.
„Не знам колкава е неговата вредност. Има прилично висока плата и многу му е важно во кој правец ќе оди во животот. На тоа не можете да ставите бројка. На клубовите е да одредат колку ќе платат за него. Како што и секогаш зборував, тој е среќен во Мадрид. Има убав живот, не гледам зошто не би продолжил да биде тука“.
„Герет сака да управува со својот живот. Финансиски сака да биде покриен за убаво да живее до крајот на неговиот живот, а сака да си ги обезбеди и децата и внуците. Освои се што можеше да се освои освен Светското првенство. Би била голема работа да се врати во Премиер лигата, но мислам дека тоа не е нешто што тој го сака во овој момент“, изјави агентот на Бејл Џонатан Барнет.