Дома Фудбал Aнчелоти за Модриќ: Не е важно колку играш, туку што покажуваш

Aнчелоти за Модриќ: Не е важно колку играш, туку што покажуваш

Реал Мадрид во 26. коло во Ла Лига славеше на свој терен во дербито против Севиља со 1:0, а најзаслужен за овој триумф на „кралевите“ беше Лука Модриќ кој на теренот доби шанса во 75. Минута.

Модриќ не добива преголема минутажа сезонава во Реал Мадрид, меѓутоа тоа не го спречува да ја покаже класата кога е на теренот.

Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?


Пофалби за Модриќ по натпреварот испрати и тренерот Карло Анчелоти.

„Не можам да знам што размислува. Модриќ е многу добар и скромен човек. Не знам дали сака да остане во Реал Мадрид и да биде резерва. Се што можам јас да кажам е дека не е важно колку време си на теренот, туку што покажуваш за тоа време. Како би можел да му помогнам?

Не знам, тешко дека би можел. Го разбирам кога е тажен, меѓутоа ова не е крај за него. Голем дел од јавноста мисли дека е така, но не е. Погледнете тој има 39 години, а прави неверојатни работи на теренот“, изјави Анчелоти.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

За многумина стартот над Хакими беше за во „затвор“, а Крос шокираше: Не беше ниту за црвен! (Видео)

ПСЖ, актуелниот победник во Лигата на шампионите, објави дека ќе биде без повредениот маро…