Дома Македонски спорт Aндонова: Англија е апсолутен фаворит, Австрија треба да биде шанса за освојување бодови

Aндонова: Англија е апсолутен фаворит, Австрија треба да биде шанса за освојување бодови

Женската А репрезентација на Македонија денеска го одработи последниот тренинг пред заминувањето за Англија за воведниот меч од квалификациите за Светското првенство 2023. Нашата женска селекција против Англија, топ фаворит во групата ги започнува европските квалификации за мундијалот во Австралија и Нов Зеланд. 

Против англичанките играме на 17. септември во Саутемптон, а четири дена подоцна на Националната арена „Тодор Проески” ќе се спротиставиме на селекцијата на Австрија.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Капитенот на женската А репрезентација на Македонија и член на шпански Леванте, Наташа Андонова вели дека шансата за остварување на поволен резултат треба да ја бараме во дуелот со Австрија пред домашната публика.

“Не очекуваат два натпревари против силни репрезенетации. Селекцијата на Англија е апсолутен фаворит во групата, ќе биде многу тешко да се игра против нив. Австрија не е на рамниште со квалитетот како Англија и сметам дека шансата за освојување на бодови треба да ја бараме на тој меч. 

„Секогаш се обидувам да гледам реално на работите, така и овој пат. Мислам дека не треба да очекуваме некакво чудо во овие квалификации, треба само да продолжиме напорно да работиме и да ги слушаме советите од нашиот селектор. Објективен проблем претставува фактот што во овој состав на Македонија има фудбалерки претежно од домашното првенство кои немаат големо маѓународно искуство за разлика од другите селекции. 

“Работевме напорно овие неколку дена, имаме одлична комуникација со селекторот, позитивни сме, владее одлична атмосфера и ќе пробаме сето тоа да го искористиме за што подобро да одиграме на овие два натпревари“, изјави Андонова.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Македонските ракометарки поразени од Хрватска

Женската ракометна репрезентација загуби од Хрватска со 18-26 во рамки на турнирот „Кроаци…