Дома Македонски спорт Мак фудбал Андонова и Рочи обезбедија победа за фудбалерките против Летонија

Андонова и Рочи обезбедија победа за фудбалерките против Летонија

Женската фудбалска репрезентација на Македонија денес запиша победа во натпреварот од квалификациите за Светското првенство. Поебдена беше Летонија со 3:2.

За нашите фудбалерки ова е втора победа во квалификациите. Натпреварот за нас не започна добро затоа што после само пет минути Анастасија погоди за водство на гостите.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Сепак Наташа Андонова стапи на сцена во 13. и 17. минута, со два гола донесе пресврт за Македонија.

По водството фудбалерките создадоа уште неколку добри прилики, а искористивме само уште една. Гентјана Рочи стрелаше за 3:1. Летонките не дозволија мирно да го приведеме натпреварот кон крајот, Олга на десет минути до крајот постигна гол за 3:2.

За Македонија како што споменавме ова беше втор триумф во кваликациите, првиот го остваривме против истата селекција во првиот меч на гости кога ги победивме со 1:4.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

„Нема пари за кој би преминал во Јувентус – тоа би било чекор назад во мојата кариера“

Фудбалерот од редовите на Болоња, Рикардо Калафори е желба на Јувентус, меѓутоа тој сега и…