Дома Фудбал Aко мислите дека работите не можат да се променат за момент сетете се на Маријано Диаз

Aко мислите дека работите не можат да се променат за момент сетете се на Маријано Диаз

Реал Мадрид вчера славеше во „Ел Класико“ против Барселона со (2:0), а еден од хероите на домаќините беше Маријано Диаз.

„Кралевите“ стигнаа до предност со голот на Винисиус Жуниор, а потоа Зидан во судиското продолжение одлучи колку само за да „украде“ време на теренот да го пушти Маријано Диаз.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Маријано Диаз влезе на местото на Бензема и успеа да постигне гол во првиот момент кога дојде до топката. Неверојатно е што за шпанскиот напаѓач ова беше прв натпревар во Ла Лига сезонава.

Овој 26 годишник цела сезона е последен избор во нападот на Реал и неочекувано вчера ги доби првите неколку минути во кариерата и подобро не можеше да ги искористи. Постигна гол, а потоа и заплака, сигурно дека за него овој гол значи многу откако скоро и да беше отпишан од Зидан.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

УЕФА ја казни Бенфика за расизам против Реал Мадрид

Дисциплинската комисија на Европската фудбалска федерација (УЕФА) изрече парична казна на …