Дома Фудбал Останато ПСЖ со порака до Перез: Немој да ни работиш позади грб!

ПСЖ со порака до Перез: Немој да ни работиш позади грб!

Претседателот на ПСЖ, Насер Ал- Келаифи порача дека не е фер другите клубови да преговараат со нивните играчи без нивно знаење.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Тоа секако се однесуваше на Реал Мадрид, кој преку целото се обидуваше да го донесе Нејмар на „Сантиаго Бернабеу“.

„Реално таа ситуација не фрустрира бидејќи не е во ред другите клубови да преговараат со нашите играчи. Тоа не ни се допаѓа и разговаравме со Реал, го политуваме тој клуб и претседателот Флорентино Перез, но мислам дека е важно да не ни работат зад грб“, изјави Ал Келаифи.

„Тоа го очекуваме од сите клубови, не само од Реал. Ако се „убиваме“ едни со други тоа не е начин на кој ПСЖ функционира и се надевам дека другите клубови ќе покажат повеќе респект према нас“, додаде првиот човек на ПСЖ, а потоа проговори за Финансискиот фер-плеј на УЕФА.

„Има шпекулации кои доаѓаат главно од Шпанија, а ние знаеме точно од каде доаѓаат. Не не интересира што пишуваат медиумите, ние знаеме дека работиме согласно правилата“, изјави Ал Келаифи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Слот сака големо засилување, најдобриот голман во светот може да пристигне во Ливерпул!

Летната сезона донесе неколку навистина интересни одлуки од страна на Управниот одбор на Л…