Пари Сент Жермен ова лето го ангажираше само Тило Келер од Шалке за 37 милиони евра, но „светците“ спремаат два трансфери за крај на преодниот рок.
ПСЖ сака до крајот на преодниот рок да донесе еден лев бек, а се поголема е веројатноста тоа да биде Филипе Луис од Атлетико Мадрид.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Јорганџиите“ немаат ништо против да го пуштат Бразилецот и сакаат трансферот да биде комплетиран до крајот на неделата.
„Светците“ не се откажуваат ни од Жером Боатенг. Баерн Минхен призна дека дефанзивецот сака да си оди и дека се во тек преговори со ПСЖ.
Исто така фанцуските медиуми пренесуваат дека ПСЖ решил да ги прифати условите на Адриен Рабио, кој сака да потпише договор само на две години. Клубот со тоа ќе ја избегне можноста да го загуби 23-годишниот плејмејкер без обештетување следното лето.