Ветеранот Марко Бориело иако има полни 36 години не планира да ги закачи копачките на клин и може да ја продолжи кариерата во еден од најсилните тимови во Серија А.
Имено, преодниот рок во Италија завршува вечерва во 20 часот, а со оглед на фактот што Наполи остана без опции во нападот, сега се насочи кон Бориело.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Наводно наполитанците веќе стапиле во контакт со неговиот агент, а Анчелоти дал зелено светло и смета дека Бориело би можел да биде добра алтернатива за Милик.
Со оглед на фактот што Бориело е слободен агент тој може да потпише за Наполи и после затворањето на преодниот рок, односно во наредните денови.
Бориело има 36 години и во досегашната кариера настапуваше за 14 клубови, од кои 13 во Италија и еден во Англија – Вест Хем.