Бројни европски медиуми ја пренесуваат ударната вест на францускиот медиум.
Зинедин Зидан и понатаму е без нов ангажман после заминувањето од Реал Мадрид, а иако многумина го поврзуваа и очекуваа да го наследи Алегри во Јувентус, „Л’Eкип“ има поинакви информации.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Наводно, Зидан може да биде тренер на – Манчестер Јунајтед!
Суштината на целата приказна е дека Зидан после три освоени титули во Лигата на шампионите сака нов предизвик во Премиер лигата, почнувајќи од следната сезона. И не само се открива и дека тој самиот е заинтересиран за тренеското столче на „Олд Трафорд“.
Останува да видиме како Мурињо ќе реагира на овие информации, нема соменвање дека новинарите овие денови ќе му го постават тоа прашање, но можеби и реално е да очекуваме повлекување на Португалецот на крајот на следната сезона.
L'Equipe: "Zidane, Manchester United'ı çalıştırmak istiyor" pic.twitter.com/FEfm7PzAqz ⚽️
— Aklım Sahada (@aklimsahada) August 15, 2018