Џузепе Рисо во моментов е еден од најпознатите италијански фудбалски агенти и ги штити интересите на многу италијански фудбалери од различни категории.
Рисо во фудбалските кругови важи како човек близок до Адриано Галиани, а и самиот не крие дека е многу поврзан со првиот оперативец на Милан.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Имено, тој за медиумите откри многу интересна приказна во која раскажа како се запознал со Галиани и дека тој е „виновникот“ што станал фудбалски агент.
„Јас работев како сервисер на Сан Сиро, а во тој период имаше правило да не се пие за време на натпреварот. Бев во салата со кетеринг и дојде една жена која ми побара пијалот. Јас нормално дека обив да и дадам, а по неколку минути дојде шефот и почна да ми вика…Таа жена била секретарка на Адриано Галиани“, раскажува Рисо.
„Јас појдов да му се извинам на Галиани, а тој ме повика на вечера по натпреварот во ресторанот Гианино каде што одеа сите од Милан. Таму се запознавме и започна нашето пријателство. Да се биде блозок до Галиани е како да одите на Универзитет, тој е жива енциклопедија. Ме научи многу работи и секогаш кога имав проблем му се јавував прво него и секогаш ми даваше правилни совети“.
„Вистина е дека ми помогна многу и на почетокот кога ја зедов лиценцата за фудбалски менаџер. Ми ги даде сите контакти и скоро сите млади фубдалери кои беа во академијата на Милан, а кои немаа менаџер ми даваше да ги заштитувам јас нивните интереси. Еднаш ми се налути кога го однесов Кристанте во Бенфика и не ми зборуваше неколку месеци“, открива Рисо.
Џузепе Рисо денес е најпознатиот италијански агент и ги штити инетресите на многу познати фудбалери, а негови штитеници се и талентите на Аталанта, Калдара и Гаљиардини кои оваа зима за вкупно 50 милиони евра се преселија во Интер и Јувентус.
Тој е менаџер уште на многу големи фудбалски имиња како Хернан Креспо, Пипо Инзаги, Алесандро Матри, Андреа Белоти…