Францускиот играч за врска Пол Погба со стил се врати во неговиот клуб Манчестер Јунајтед.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Погба на отварањето на Премиер лигата против Лестер постигна гол уште во третата минута од натпреварот кој Манчестер Јунајтед го доби со 2:1.
Со оглед дека е старт на сезоната и фудбалерите не се најподготвени Мурињо го замени Погба во 80 минута. Ќе потсетиме Французинот со тренинзи започна пред само четири дена.
Огромно внимание по натпреварот привлече поставената слика на Инстаграм профилот на Погба.
Имено, тој постави фотографија од наптреварот под која напиша:
„Секогаш ќе го давам најдоброто од себе за фановите и соиграчите, без разлика што се случува“.
Многумина тоа што го нема Мурињо во реченицата, но и последниот дел „без разлика што се случува“ го протолкуваа како доказ дека помеѓу него и стратегот на Јунајтед се уште има „нерасчистени сметки“.