Дома Трансфер зона Челзи мора брзо да реагира, овој одличен голман е замената за Куртоа

Челзи мора брзо да реагира, овој одличен голман е замената за Куртоа

Повеќе пати во изминативе неколку месеци Тибо Куртоа изрази желба да го напушти Челзи и да се пресели во Мадрид, каде што му е семејството.

Сепак, тоа се уште не се случи, но се смета дека тоа ќе се случи во следниве неколку дена, повеќе европски угледни медиуми пишуваат за неговиот трансфер во Реал Мадрид.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Имајќи во предвид дека трансфер периодот за англиските клубови завршува во четврток, Челзи би морал брзо да реагира и да доведе замена за белгискиот голман кој е прогласен за најдобар на Мундијалот во Русија.

Челзи би требало да заработи повеќе од 30 милиони фунти за трансферот на Куртоа, а тие пари би можел да ги искористи во доведување на друг голман.

Станува збор за голманот кој настапува за Билбао, Кепа. Тој беше мета на Реал Мадрид во изминатиот период, и Барселона беше заинтересирана за него, но доколку Челзи испрати понуда која не може да се одбие, нема сомнеж каде 23-годишниот голман ќе ја продолжи кариерата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Манчестер Јунајтед и Арсенал го сакаат Де Кетеларе

 Манчестер Јунајтед и Арсенал покажуваат сериозен интерес за белгискиот репрезентатив…