Дома Трансфер зона Калиниќ конечно ќе го финализира трансферот во шпанскиот гигант

Калиниќ конечно ќе го финализира трансферот во шпанскиот гигант

Напаѓачот на Милан, Никола Калиниќ конечно би требало да го реализира својот трансфер во Атлетико Мадрид.

За заминувањето на Калиниќ во редовите на шпанскиот гигант се пишува долго време, а овој трансфер според пишувањето на шанските и италијанските медиуми е пред реализација. Сепак, Калиниќ и понатаму е во Милан, но сега италијанскиот стучнак за трансфери, Џаклука Ди Марцио соопшти дека се е конечно спремно за финализирање и дека хрватскиот напаѓач утре ќе ги направи лекарските прегледи, а потоа ќе биде претставен во дресот на Атлетико Мадрид.

ChatGPT ми беше гостин во поткаст – и не зажалив! ↓↓↓


Калиниќ би требало во Атлетико да пристигне на едногодишна позајмица, а Мадриѓаните ќе имаат опција да го откупат неговиот договор за околу 18 милиони евра. Потсетуваме, Калиниќ во Милан пристигна минатото лето од Фиорентина за околу 25 милиони евра, но минатата сезона постигна само шест гола за „Росонерите“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…