Дома Фудбал Останато Менаџерот на Буфон: Кога се појавија шпекулациите Џиџи беше сигурен дека Роналдо оди во Јуве

Менаџерот на Буфон: Кога се појавија шпекулациите Џиџи беше сигурен дека Роналдо оди во Јуве

Италијанскиот голман, Џанлуиџи Буфон после цели 17 години се одлучи да започне нова авантура во својата кариера, потпиша за француски ПСЖ.

Набрзо по заминувањето на Буфон, Јувентус го ангажираше Кристиано Роналдо, а менаџерот на легендарниот голман Силвио Мартина за италијанските медиуми откри дека Буфон во моментот кога се појавија првите шпекулации за Роналдо очекувал трансферот да биде реализиран.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Тој додаде и дека Буфон немало да ја промени одлуката доколку клубот го купел Роналдо додека тој се уште бил член на „старата дама“.

„Секако, во април никој не можеше да предвиди такво сценарио, но кога се појавија првите шпекулации Џиџи очекуваше трансферот наскоро да биде и реалзииран“.

„Дали би ја променил одлуката доколку Роналдо пристигнеше порано? Не знам, не сме разговарале, но не верувам во такво нешто. Буфон е полн со емоции и се надевам дека нема да мора да игра против Јувентус, тоа сигурно би било тешко за него“, изјави агентот на Буфон.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Нè чека пеколна борба за ЛШ: Астон вила му одржа лекција на Њукасл

Екипата на Астон Вила попладнево приреди вистинска фудбалска лекција и со убедлива победа …