Навивачите на Интер сонуваат за Лука Модриќ и денес продолжуваат вестите поврзани со потенцијалниот трансфер на Хрватот во Серија А.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Утрово во медиумите се појави веста дека Лука Модриќ кој во овој момент е во Италија (на одмор), сака трансфер во редовите на Интер, а се би требало да биде појасно после најаваниот состанок помеѓу него и Перез кој е закажан за идната недела.
Сега на Апенините стигнаа до информации дека ако Модриќ го засили Интер големи заслуги ќе одат на неговата сопруга која е и негов агент, Вања Босниќ.
Имено, таа заедно со останатите претставници на Модриќ одржала разговор со управата на Интер и наводно им се обратила со следните зборови: „Го сакате ли Лука Модриќ“?
Ситуацијата дополнително ја подгреа фотографијата од Мундијалот која ја објави Брозовиќ, а истата сега и тоа како доби актуелност. На споменатата форографија, Брозовиќ се ракува со Модриќ, а додаден е и опис: „Падна договор“…
