Најверојатно стоперот и напаѓачот ќе бидат завршните засилувања за преодниот рок, но кога ќе го погледнете билансот, тешко дека ќе биде намалена разликата во однос на Манчестер Сити…
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Изгледа помирување помеѓу Марсијал и Мурињо нема, фудбалерот ќе биде ставен на трансфер листата и многу веројатно ќе го напушти клубот.
Марсијал по се изгледа ќе го напушти клубот, поради на Мурињо во завршницата од преодниот рок ќе му биде потребен напаѓач и стопер.
Како што сега стојат работите ако Марсијал замине, Португалецот ќе се обиде да го доведе Дрис Мертенс од Наполи кој во својот договор има откупна клазула од 40 милиони евра и може да игра на повеќе позиции во тимот.
Белгиецот имаше сезона од соништата, но за Анчелоти не е незаменлив тука се Милик, Каљехон и Инсиње.
Може и Дармијан да биде дел од зделката, а покрај Мертенс, на „Олд Трафорд“ би можел да пристигне и стоперот од Барселона Јери Мина. Наводно Ед Вудворд отпатувал во Каталонија да ја заврши работата, бидејќи стана јасно дека Мегваер и Алдервилд се невозможни мисии.