Барселона наскоро би можела да се одлучи на потегот кој веќе го практикуваат поголем број европски клубови.
Откако прв пат во својата историја ставија спонзор на својот дрес, Каталонците се одлучуваат на нов потег кој би можел дополнително да ја наполни касата.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Според информациите до кои стигна „Марка“, Барса сака да ги продаде правата на името на стадионот „Ноу Камп“ од сезоната 2019-2020.
Ваквиот потег би помогнал во клубот да се добијат дополнителни 300 милиони евра, според последните проценки.
Клубот во овој момент е во разговор со американски и азиски компании кои би сакале нивното име да сто покрај стадионот на Барселона.
Ваквиот потег би можел да наиде на неодобрување кај дел од фановите, но тоа е модерниот фудбал често пат профитот е над сите други интереси.