Дома Фудбал Италија Видео: Мајсторија на Несторовски за голем бод во Неапол!

Видео: Мајсторија на Несторовски за голем бод во Неапол!

Палермо го направи најголемото изненадување во Серија А, откако одигра 1:1 против Наполи, а херој за Сицилијанците беше Илија Несторовски.

Новиот тренер на сицилијанците, Лопез, во стартната постава ги стави двајцата Македонци, Александар Трајковски и Илија Несторовски и успеа да остане непоразен против Наполи.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Палермо го шокира Наполи по само шест минути игра кога по центаршутот на Пецела, Несторовски го совлада Реина. Македонскиот репрезентативец го постигна осмиот гол во Серија А.

Наполи израмни во 65-та минута кога голманот Посавец, направи неверојатен кикс по ударот на Мертенс. До крајот Наполи имаше уште три добри шанси, а Инсиње во 92-та минута не го погоди празниот гол.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Салах можеше да му асистира на Вирц за гол – ова е потегот кој ги налути навивачите (Видео)

Навивачите на Ливерпул го изразија своето незадоволство од Мохамед Салах, нарекувајќи го „…