Дома Фудбал Италија Роналдо го осудија на 2 години затвор, тој ќе ги замени за 19 милиони евра!

Роналдо го осудија на 2 години затвор, тој ќе ги замени за 19 милиони евра!

Официјално најдобриот фудбалер на светот, Кристиано Роналдо беше осуден од страна на шпанскиот суд на две години затвор поради обвинението дека затајувал данок.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Меѓутоа, казната ќе биде заменета со финансиска санкција од 19 милиони евра, која Роналдо се согласил да ја плати во две транши.

Роналдо беше обвинет дека во период од 2011 до 2014 година затаил 14,7 милиони евра. Португалецот и обвинителството конечно постигнаа договор, па целата драма конечно ќе биде завршена.

Роналдо веќе се пресели во Италија, а медиумите тврдат дека повеќе не сака да има никаква врска со Шпанија и ја продава вилата и целиот имот во Мадрид.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Аморим пристигна во Милано и откри зошто одбра да ги предводи „росонерите“

Токму една недела пред почетокот на предсезонските подготовки на Милан, новиот тренер на т…