Eлиминацијата во четвртфиналето од Мундијалот не ги натера челниците на ФС Бразил да го променат мислењето.
Актуелниот селектор на Бразил и кординаторот на репрезентативната селекција на таа земја потпишаа нови договори за соработка.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Тите и Еду Гашпар остануваат на своите позиции до крајот на Мундијалот во Катар 2022, соопшти вечерва Фудбалскиот сојуз на Бразил.
На официјалниот сајт на фудбалскиот сојуз на Бразил стои дека сојузот се определил за континуитет и дека споменатиот тандем ќе започне со припремите за нов квалификационен циклус.
Бразил првите пријателски натпревар после Мундијалот ќе ги одигра на почетокот на септември, а во договор со Тите и Гашпар ќе бидат одбрани противниците.
Тите фудбалската репрезентација на Бразил ја превзема во текот на квалификациите за Светското првенство во Русија, а „Кариоките“ под негово водство беа првата селекција која обезбеди пласман во изминатиот Мундијал.
На Светското првенство Бразил играше во групата Е со Швајцарија (1:1), Костарика (2:0) и Србија (2:0), а после победата над Мексико во осминафиналето се соочи со елиминација од Белгија во следната рунда.