Диего Лопез е новиот тренер на Палермо, каде играат македонските репрезентативци Илија Несторовски и Александар Трајковски.
Некогашниот уругвајски репрезентативец доаѓа на местото на Еугенио Корини, кој доби отказ поради слабите резултати.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Лопез ќе има тешка задача да обезбеди опстанок во Серија А со Палермо кој е на претпоследната позиција со само 10 освоени бода и заостанува 11 бода зад сигурната зона.
„Мислам дека ова е голема можност за мене. Палермо е важен град, а претседателот на клубот ми даде можност да работам тука. Разговаравме за тоа што треба да се случи во наредните месеци. Најважно е тоа што веруваме, иако сме во многу тешка ситуација“, рече Лопез.
Лопез е четвртиот тренер на Палермо од почетокот на сезоната, па покрај Корини претходно откази заработија и Давиде Балардини и Роберто Де Зерби.