Дома Фудбал Останато Де Лаурентис удри по Сари: Половина Наполи сакаше да однесе со себе во Челзи!

Де Лаурентис удри по Сари: Половина Наполи сакаше да однесе со себе во Челзи!

Првиот човек на Наполи, Аурелио Де Лаурентис жестоко го критикуваше новиот тренер на Челзи, Маурицио Сари.

Сари како што е познато претходно беше тренер на Наполи, а сега првиот човек на клубот од Неапол тврди дека Сари со себе во Челзи сакал да однесе половина тим на Наполи.

Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓


„Не се согласувам со тоа дека двајцата грешевме. Мислам дека јас не направив ниту една грешка. Имаше договор, а јас само можам да кажам дека недозволенао пронајде нова работа, ги напаѓаше играчите за кои сметаше дека не играше добро. Тие играчи дадоа многу за овој тим. Тој ги масакрираше со фанатичните тренинзи, но тие секогаш реагираа добро во тие ситуации“, изјави Де Лаурентис.

Претседателот на Наполи истакна дека сакал да го „распарчи“ Наполи со тоа што половина тим ќе однесе со себе во Челзи.

„Сакаше да го доведе скоро цел мој тим. Го сакаше Жоржињо му го дадов. Но потоа зборував со Анчелоти кој ми кажа дека ќе смета на останатите играчи кои ги сакаше Сари“, откри првиот човек на италијанскиот клуб.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Манчестер Јунајтед започна со подготовки со две нови засилувања

Фудбалерите на Манчестер Јунајтед се појавија на клупската база за да започнат со летни по…