Дома Трансфер зона Мињоле го напушта Ливерпул и го прави трансферот на кариерата?

Мињоле го напушта Ливерпул и го прави трансферот на кариерата?

mignole

Бразилскиот голман, Алисон Бекер пред неколку дена и официјално стана нов голман на Ливерпул откако одлучи да ја напушти Рома, поради овој трансфер од клубот би можел да си замине Симон Мињоле.

Во Ливерпул не беа задоволни од Кариус и Мињоле, па реагираа со соборување на светскиот рекорд кога се голманите во прашање.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Реномираната „Марка“ денес објави дека Мињоле се наоѓа на радарот на Барселона која судејќи според ситуацијата ќе мора да бара нов резервен голман. Тој статус го имаше Јаспер Силенсен, но изгледа дека Холанѓанецот повеќе не сека да ја „грее“ клупата во каталонскиот гигант.

Силенсен се наоѓа на излезни врати од клубот и чека вистинска понуда за продолжување на кариерата. Како што пишува „Марка“, Мињоле е една од можните опции на Барселона со оглед на тоа што се очекува да го напушти Ливерпул. Белгиецот не сака да биде трет избор на Јирген Клоп, а доколку има шанса да заигра за Барселона веројатно нема да ја пропушти.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

На Меси во Интер Мајами му се придружува уште едно големо име?

Како што пренесува „ЕСПН“ Анхел Ди Марија би можел да биде нов соиграч на Лионел Меси во М…