Дома Фудбал Светско првенство во фудбал Соиграчите одлучија да му доделат медал, но Калиниќ – го одби!

Соиграчите одлучија да му доделат медал, но Калиниќ – го одби!

kalinic

Никола Калиниќ одлучи да одбие послушност на селекторот Златко Далиќ на СП и веројатно за таквата негова одлука ќе жали целиот свој живот.

Неговите соиграчи беа вистински хит на Мундијалот, се бореа за златото, херојски ги пречекаа, ѕвезди се каде и да се појават, а ти – играш билјард…


Уште еден поткаст! Fat Cacko: Од гитара до Fat kitchen bistro и најдобриот бургер во градот ↓↓↓


Хрватска го освои среброто на Мундијалот, а неговите соиграчи заедно со сојузот одлучија Калиниќ кој беше во официјалниот состав на репрезентацијата, сепак да добие медал.

Но, според хрватските медиуми напаѓачот им се заблагодарил со пораката: „Ви благодарам, но јас не играв во Русија“.

Селекторот Златко Далиќ неодамна повторно ја објасни ситуацијата со напаѓачот.

„Не сум ниту среќен, ниту горд поради тоа, но направив се што е во моја моќ за да не дојде до тоа. Три пати му давав шанса да се врати, а последниот пат го чекав цел ден. Жал ми е што така испадна, но не сакам сега да се враќам на таа тема“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Светско првенство во фудбал

Проверете

Сити не го дава Де Брујне, му спреми нов договор

Ѕвездата на Манчестер Сити, Кевин де Брујне, влезе во последната година од договорот, па с…